BULATS Business Language Testing Service
Што е тестот BULATS ? (Business Language Testing Service)
- Брза, ефикасна и авторитативна проверка на англискиот јазик;
- Меѓународно прифатен од илјадници организации во светот;
- Составен од писмен дел (слушање и читање);
- Се полага на компјутер и трае до 90 минути;
- Се организира во било кое време и место, по потреба;
- Резултатот се добива веднаш по полагањето.
За кого е наменет тестот BULATS ?
Тестот е наменет за агенции за вработување, компании и организации кои што имаат потреба од проверка на јазичното ниво на кандидатите при вработување, претселекција за обуки и развој на кариера, како и за изготвување анализи на човечките ресурси.
Кој го признава тестот BULATS?
Тестот BULATS се користи и е прифатен од илјадници организации во светот. ПрајсВотерхаѕсКуперс, ГлаксоСмитКлајн, Хјулид-Пакард, Европскиот парламент, Нестле, Европската централна банка и француското Министерство за одбрана се само некои од институциите кои го користат BULATS.
BULATS е заеднички тест на Кембриџ ЕСОЛ, Француската Алијанса, Гете Институтот и Универзитетот во Саламанка.
Ако имате потреба од тестот BULATS за унапредување на вашата организација, контактирајте не.
No comments:
Post a Comment