YLE Cambridge Young Learners English Test
Зошто вашите деца да полагаат тест по англиски јазик ?
Тестовите по англиски јазик за деца на Универзитетот во Кембриџ се наменети за деца од 7 до 12 години. Тие се веродостоен и сигурен доказ дека вашето дете напредува во изучувањето на англискиот јазик. Тестовите се креирани за да го направат тестирањето забаво и брзо, и да бидат стимулација за самодовербата на децата. Како се зголемува нивната самодоверба, така ќе сакаат да учат повеќе и да го употребуваат англискиот јазик на повисоко ниво.
Меѓународна диплома
Секое дете кое ќе ги заврши сите делови од тестот, ќе добие меѓународно признаена диплома од Универзитетот во Кембриџ.
Нивоа на тестовите:
- Почетно ниво ( Starters )
- Придвижувачко ниво ( Movers )
- Полетно ниво ( Flyers )
Од што се состои секое ниво ?
Секое ниво се состои од:
- слушање,
- читање/пишување и
- разговор
чие времетраење зависи од нивото. Деловите слушање и читање/пишување се администрираат во група, а разговорот се одвива индивидуално со испитувач.
Деловите слушање и читање/пишување се администрираат во група, а разговорот се одвива индивидуално со испитувач.
Сите овие испити се внимателно дизајнирани за да бидат колку што е можно по забавни и да не бидат стресни за децата. Повеќето деца ги полагаат во своето училиште и се базирани на активности кои им се познати на повеќето деца. Тестовите ги покриваат сите 4 јазични вештини – читање, пишување, слушање и разговор. Дизајнирани се за да го поттикнат позитивното искуство од учењето на јазикот (сите деца добиваат диплома).
Како децата да се подготват или пак пријават за тестот ?
Одберете од страницата Контакт/Инфо.
Јазична рамка на Советот на Европа


No comments:
Post a Comment