Tuesday, November 1, 2011

За студентите

„Артелингва“ на студентите при Факултетот за Туризам и Факултетот за бизнис и логистика во Гевгелија им нуди индивидуални часови за подготвување пред испит, помош при изработка на домашна работа, семинарски и дипломски трудови итн. Ве очекуваме. Побарајте не.

Преведување

Преведување

„Артелингва“ врши преведувачки услуги од англиски, француски, италијански, грчки и турски јазик на македонски јазик и обратно. Се вршат преводи од разни стручни и научни области, како и судски преводи на документи. Контактирајте не.

Thursday, October 27, 2011

Француски јазик

Македонија е франкофонска земја . ( земја пријател и љубител на францускиот јазик)

 Франкофонијата ја сочинуваат 56 земји членки, и 14 земји посматрачи со 950 милиони жители, и површина од 28 милиони километри квадратни. Во секоја од овие земји францускиот јазик е или мајчин, или службен, или официјален со некој друг јазик, или употребуван во разни институции или барем во мал дел се користи.

Франција во Македонија инвестира во едукација, со разни стипендии. Затоа и нашето училиште се придружува на таа политика и инвестира во вашите деца со симболични суми за курсеви за ученици од сите возрасти од 6 години па натаму.
 Со специјализирани методи според возраста, со најсовремена настава според интересите на децата, со искуство во наставата им нудиме на родителите да ги оспособиме нивните деца за нивното понатамошно образование на најпрестижните Европски универзитети кои нудат стипении за франкофони.
Со симболична цена од 450 ден, два часа недено .

 За ученици од 6-10 год
 Тату е Мату – прекрасна метода ( учебник) пропратен со многу аудио и визуелни додатоци, низ приказни и песни да се запознаат со францускиот јазик , да започнат да го разбираат и да се изразуваат и со минимално започнување и запознавање со пишувањето.
Низ игра и забава , адаптирано според возраста.

 За ученици од 10-14 год.
Маг- метода која е во употреба во училиштата, редовни и дополнителни содржини, разработени на оригинален начин со загарантиран успех.

 За средношколци и возрасни, метода по избор.


 ЗА РЕДОВНИТЕ И НАЈДОБРИТЕ УЧЕНИЦИ НУДИМЕ НЕКОЛКУ ЧАСА - ГРАТИС ОБУКА - ТЕСТИРАЊЕ ЗА ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ ДИПЛОМИ !!!


Контактирајте не !!!

Грчки јазик

Италијански јазик

Англиски јазик

КУРСЕВИ ЗА УЧЕНИЦИ

Артелингва организира курсеви за деца од предучилишна возраст (5год.) како и за учениците од основните и средните училишта. Во зависност од возраста на која ученикот започнал со изучување на англискиот јазик, курсевите се организираат на 6 т.е. на 8 нивоа, вклучувајки ја и подготовката за меѓународно признати дипломи за познавање на англискиот јазик.
 Редовните детски курсеви се одржуваат два пати неделно по 60 мин., и траат во текот на целата учебна година односно 17 недели во првото полугодие и 17 недели во второто полугодие.

Методите, книгите а и нивото на опрема кои се користат во редовните курсеви се најсовремени и во издание на реномирани издавачки куќи.

Организираме подготвителни курсеви за деца од предучилишна возраст и ученици од I и II одд.
Следуваат десет степени, кои се на следниве нивоа според Заедничката европска рамка:
- прв и втор степен - ниво А1
- трет и четврти степен - ниво А2
- петти степен - ниво B1
- шести степен - ниво B2
- Седми редовен и осми FCE - First Certificate in English (Прв сертификат по англиски јазик на Универзитетот Кембриџ: по завршувањето на VII-от степен учениците имаат можност, со положување на квалификациониот испит, да посетуваат курс што ги подготвува за овој испит)
Ученикот има можност за понатамошно усовршување на јазикот посетувајќи ги курсевите:
* САЕ - Certificate in Advanced English (Сертификат за напредно ниво на познавање на англискиот јазик) - деветти степен - ниво C1
*СРЕ - Certificate of Proficiency in English(Сертификат за највисоко ниво на познавање на англискиот јазик)- десетти степен - ниво C2

- Индивидуални часови по договор

Уписот за редовните курсеви се врши во првите две недели од септември и вторите две недели од јануари.

 Уписот на другите видови курсеви се врши секојдневно по нивното објавување или по договор со училиштето.

Курсеви

Курсевите на Артелингва  усогласени со Заедничката европска рамка

Англиски јазик
Француски јазик
Италијански јазик
Грчки јазик

Во согласност со својата определба за промовирање на најновите европски стандарди во наставата за странски јазици, Центарот за странски јазици ги усогласи своите курсеви со Заедничката европска рамка на нивоата на Советот на Европа (ЦЕФ).



Нивоата на ЦЕФ
    Курсевите во ЦСЈ
А1
А1а - прв степен
А1б- втор степен
А2
А2а - трет степен
А2б - четврти степен
Б1
Б1а - петти степен
Б1б - шести степен
Б2
Б2а - седми степен
Б2б - осми степен
Ц1
Ц1 - деветти степен
Ц2
Ц2 - десетти степен

Говорител
на основно
ниво

А1
Може да разбира и употребува познати секојдневни изрази и многу основни фрази со цел да задоволи некои свои конкретни потреби. Може да се претставува себеси и другите и може да поставува и одговара на прашања од личниот живот, како на пример каде живее, да зборува за луѓето што ги познава и предметите што ги поседува. Може да учествува во едноставна конверзација доколку соговорникот зборува јасно и бавно.
А2
Може да разбира реченици и често користи изрази кои се однесуваат на области од непосредна важност (на пример, основни податоци за себе и семејството, пазарување, непосредна околина, работа). Може да учествува во едноставни и вообичаени ситуации кои подрабираат едноставна и директна размена на информации во врска со познати и вообичаени работи. Може да зборува со едноставен јазик за своето потекло, непосредната околина и непосредните потреби.
Самостоен говорител

Б1
Може да ги разбере главните точки на јасен и стандарден јазик на познати теми во врска со работата, училиштето, слободното време итн. Може да се справи со повеќето ситуации во кои може да се најде за време на патување во области каде се зборува јазикот што го учи. Може да срочи едноставен кохерентен текст на познати теми. Може да опишува искуства и настани, сонови, надежи и амбиции и накусо да даде причини и објасненија за дадените ставови и планови.
Б2
Може да ги разбере главните идеи во сложени текстови на конкретни и апстрактни теми, вклучувајќи и стручни дискусии од сопствената специјалност. Со родените говорители може да комуницира течно и спонтано на степен кој не ја отежнува меѓусебната комуникација. Може да срочи јасен и детален текст на широк спектар теми и да го изрази своето мислење во врска со актуелни теми, давајќи ги добрите и лошите страни на различни опции.
Комплетен говорител

Ц1
Може да разбира широк спектар на сложени и долги текстови и да препознава скриени значења. Може течно и спонтано да се изразува. Може флексибилно и ефикасно да го користи јазикот за друштвени, академски и професионални цели. Може да срочи јасен, добро структуриран текст на сложени теми.
Ц2
Може без проблем да рзбира сe што ќе слушне или прочита. Може да дава кус преглед на информациите добиени од различни говорни или писмени извори и да презентира докази и објасненија. Може да се изразува спонтано, точно и прецизно и да ги разликува и најфините нијанси во значењето, дури и во многу сложени ситуации.